Лавина затрупа скијачи во Кашмир, загина Русин

Сподели со своите пријатели

Најмалку еден странски скијач загина, а неколку други беа затрупани во лавина денеска во популарниот ски-центар Гулмарг во Кашмир, Индија, соопштија властите.

Loading...

Загина скијач од Русија, јави РИА Новости, повикувајќи се на индиски медиуми.

Петмина скијачи се спасени од лавината, изјави за новинарите шефот на спасувачката екипа Манцур Ахмад.

Во тој ски-центар висината на снежната покривка е 1,5 метар, поради што во таа област е на сила предупредување за лавина, пренесе Ројтерс.

Повеќето од затрупаните скијачи се странци, а акцијата за спасување е во тек, соопштија властите.

Двајца полски скијачи загинаа, а 19 беа спасени откако лавина го погоди ски-центарот Гулмарг во февруари минатата година.