Лавина во планинскиот венец Висок Татра во Словачка усмрти двајца унгарски државјани, соопшти словачката планинска спасувачка служба.
Станува збор за мажи на возраст од 38 и 37 години кои се занимавале со планинарење.
Според службата, лошите временски услови ја оневозможиле употребата на хеликоптер, па спасувачите морале пеш да стигнат до долината под врвот Тупа, каде се случила лавината.
Денеска имаше само блага опасност од лавина на највисокиот словачки планински венец.

