Голема лавина се свлече од кавкаскиот врв Елбрус врз планинското одморалиште, уништувајќи голем број автомобили и рушејќи некои објекти.
Бројни снимки од социјалните мрежи прикажуваат голема количина на снег која се спушта од севернокавкаскиот врв Елбрус, кој со 5.642 метри се вбројува меѓу највисоките врвови во светот.
Another view of the avalanche on Mt Elbrus, SW Russia (Caucasus) yesterday, March 24. Note the orangish hue to the snow – due to Saharan dust! Report: Alanhalq pic.twitter.com/ekJnTpUfsx
— severe-weather.EU (@severeweatherEU) March 25, 2018
Loading...
Бројни автомобили целосно се уништени од налетот на снегот, а и некои објекти во одморалиштето исто така попуштиле.
За среќа, лавината доста изгубила на сила додека прситигнала до одморалиштето, а и целосно застанала пред да може да ги загрози важните инфраструктурни објекти. Итните служби соопштиле дека никој не е повреден.