Латвиска министерка: Нема индикации дека Русија сака мир во Украина

Сподели со своите пријатели

Латвиската министерка за надворешни работи Баиба Бразе денес изјави дека не гледа никакви индикации дека Русија сака мир во Украина, нагласувајќи дека е важно да се ослабат руските воени капацитети.

Loading...

„Ослабувањето на руските воени капацитети е најдиректниот и најевтиниот начин… да се постигне мир во Украина“, изјави Бразе пред новинарите пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи во Турција, објави Ројтерс.

За денес во Истанбул се закажани преговори меѓу делегациите на Русија и Украина, кои беа организирани по предлог на рускиот претседател Владимир Путин.

Во исто време, денес во турскиот град Анталија ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, јавува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руте за украинско-руските преговори: Ако Русите се подготвени, може да има напредок