Латвија стави 15 граѓани на Русија и Белорусија на црната листа за нивните активности, кои наводно претставуваат закана за националната безбедност на земјата.
Loading...
Летонската служба за државна безбедност и го предаде списокот со девет Руси и шест Белоруси на министерката за внатрешни работи на Летонија, Марија Голубева.
Русија призна „значителни загуби на војници“, Песков: Огромна трагедија за нас
Списокот вклучува луѓе кои „можеби се вклучени во добивање разузнавачки информации или поддршка на надворешно-политичките интереси на Русија“.
Меѓу нив има луѓе кои продолжуваат да го поддржуваат Кремљ и покрај руската агресија врз Украина.