Латвија ја враќа задолжителната воена служба

Сподели со своите пријатели

Латвискиот министер за одбрана Артис Пабрикс во вторникот најави враќање на задолжителната воена служба поради зголемените тензии со соседна Русија и војната во Украина.

Loading...

„Сегашниот воен систем на Латвија ги достигна своите граници. Во исто време, немаме причина да веруваме дека Русија ќе го промени своето однесување“, изјави Пабрикс за новинарите.

Летонија се откажа од задолжителната служба откако влезе во НАТО.

Армијата на оваа балтичка земја, членка на Европската унија од 2007 година, ја сочинуваат професионални војници и доброволци од Националната гарда кои служат со скратено работно време во пешадија за време на викендите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

Земјата со помалку од два милиони жители, која граничи со Белорусија и Русија, моментално има само 7.500 активни војници и членови на Националната гарда, поддржани од 1.500 војници на НАТО.

Според Пабрикс, задолжителната воена служба, која ќе важи само за мажите, ќе биде вратена во 2023 година.