Лансирањето на ракетата Артемис закажано за 4 ноември

Сподели со своите пријатели

Американската вселенска агенција (НАСА) соопшти дека лансирањето на најмоќната ракета во историјата Артемис I е закажано за 4 ноември, пренесува Ројтерс.

Loading...

Лансирањето на ракетата веќе беше одложено три пати.

Првиот обид не успеа на крајот на август поради технички грешки, вториот обид на почетокот на септември беше отежнат од истекување гориво, додека третиот пат лансирањето беше одложено поради ураганот „Иан“.

„Артемис I“ е пробен лет во вселената без екипаж, но ако сѐ оди според планот, тогаш „Артемис II“, кој се очекува да биде лансиран во 2024 година, сигурно ќе носи луѓе, пренесува агенцијата.