Лансирана ракета со кинески астронаути на новата вселенска станица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кина денес лансираше ракета со тројца астронаути кон својата вселенска станица, која сè уште е во изградба, и тие ќе извршат најдолг престој во долната орбита на Земјата во рамките на вселенската програма на оваа земја.

Loading...

Ракетата „Долг марш 2F“ го однесе вселенското летало „Шенжу-12“ кон вселенскиот модул „Тијанхе“.

 

 

Лансирањето се случи во 9:22 часот попладне по време на Пекинг од вселенскиот центар Џијукуан во северозападната провинција Гансу.

„Шенжу-12“ е трета од 11 мисии, а четири ќе бидат со екипаж, потребни за завршување на работата на прва кинеска вселенска станица.

 

Loading...

 

Изградбата започна во април со лансирање на најголемиот од трите модули.

Астронаутите Ни Хаишенг (56), Лиу Боминг (54) и Танг Хонгбо (45) ќе работат и ќе останат во модулот во следните три месеци.

За време на нивниот престој во „Тијанхе“, што е нешто поголем од градскиот автобус, тие ќе ги тестираат технологиите на модулот, вклучително и системот за поддршка на животот.

 

 

Loading...

Астронаутите ќе бидат следени за да се утврди како тие издржуваат подолг престој во вселената физички и психолошки.

Следната мисија на вселенската станица ќе трае шест месеци.

– Ова ќе биде првиот лет со екипаж до вселенската станица во фаза на изградба и јас сум само среќен што ја носам „првата штафета“ – им рече на Није на новинарите еден ден пред лансирањето.

 

 

Тој има највисока репутација во тимот, а другите астронаути го сметаат за упориште на стабилноста и личност од која се учи, но и која постојано предизвикува други тешки прашања.

 

Loading...

Leave a Reply