Бројот на умрените лица во 2024 година е 20 201, што претставува зголемување од 0.1 % во однос на 2023 година.
Поголем број умрени лица, т.е. 10 604 се од машки пол наспроти 9 597 жени.
Умрени доенчиња се 47, а нивното учество е 0.2 % на 100 умрени лица.
Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 010, се регистрирани во месец јануари, а најмалку, 1 518, во месец април.
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.9 години, односно 76.8 години кај лицата од женски пол или за 4.9 години е повисока просечната возраст кај жените.
Според Меѓународната класификација на болестите (МКБ-10), најголемо учество во вкупно умрените лица имаат умрените од болести на циркулаторниот систем (шифра I00-I99) со 36.7 %, потоа неоплазмите (шифра C00-D48) со 19.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90) со 7.7 %, болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.1 % и следат останатите, но со помала застапеност.