Лајен: Ситуацијата со коронавирусот станува сè позагрижувачка

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека ситуацијата станува сè позагрижувачка во однос на кризата предизвикана од коронавирусот.

Loading...

– Неопходна е силна акција, а најповажни се координацијата и дисциплината, рече Фон дер Лајен.

Пристигнувајќи на самитот на лидерите на ЕУ, Урсула фон дер Лајен рече дека е потребно да се постигне договор меѓу земјите-членки за времетраењето на карантинот и за потребата од тестирање.

Таа додаде дека ЕУ се движи во вистинска насока кога станува збор за набавка на вакцини и дека Стратегијата за вакцинација е усвоена денеска.

– Ние сакаме земјите-членки да бидат подготвени за моментот кога ќе ја имаме вакцината. Логистиката е важна, дистрибуцијата и јасен режим за тоа кој прв ќе се вакцинира, рече Фон дер Лајен. 

Пандорка Арсовска-Гацова

Leave a Reply