Русија допрва треба да ја докаже својата подготвеност за деескалација поради акумулацијата на војници на украинските граници, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
„Москва засега испраќа спротивставени сигнали“, рече Фон дер Лајен во обраќањето до европратениците, на барање на долниот дом на рускиот парламент, барајќи од рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на отцепените региони Доњецк и Луганск во источниот дел на Украина.
Во последните месеци имаше зголемени тензии меѓу Русија и Западот, бидејќи значаен контингент руски војници и оружје е распореден долж украинско-руската граница, но и во Белорусија.
Русија бара од Западот безбедносни гаранции дека Украина нема да стане членка на алијансата, дека НАТО ќе се воздржи од распоредување оружје во близина на руската граница и дека ќе ги повлече своите сили од областа на Источна Европа.
Беа започнати преговорите меѓу инволвираните страни, а како реакција на потезите на Русија следеше неодамнешната одлука на САД да распоредат дополнителни 3.000 војници во источноевропските членки на НАТО, а воено-техничка помош на Украина и пружаат и други земји-членки на НАТО.