Европската унија ќе преземе дополнителни чекори против Русија доколку ситуацијата во Украина се влоши, најави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
По состанокот со романскиот претседател Клаус Јоханис, таа истакна дека целта на Брисел е „да го намали капацитетот на Кремљ да води војна против своите соседи“, пренесува Ројтерс.
„Мораме да станеме независни од рускиот гас, нафта и јаглен, нашата решеност да продолжиме напред во оваа ситуација е посилна од кога било“, додаде Фон дер Лајен.
Доаѓаат милиони бегалци
Еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон денеска изјави дека поради рускиот напад врз Украина, Европската унија мора да биде подготвена за пристигнување на милиони бегалци.
Планот на ЕУ е бегалците да добијат дозволи за привремен престој, заедно со правото на образование и вработување.
Европската комисија вети најмалку 500 милиони евра за хуманитарна помош за бегалците, наведува АП.