Краткиот документарен филм на Спенсер Четкарт „Лагите кои ги живееме“ ја преиспитува слободата на луѓето, парите, образованието, капитализмот, заштита на природата, климатски промени и човековото влијание врз нив.
Иако направен пред две години, неговата тематика ќе ве гони и во наредните неколку години, нас и идните генерации, доколку не размислиме добро за нашите постапки и начинот на кој живееме.
Во овој момент можете да бидете било каде, да се занимавате со било што. Наместо тоа си седите сами зад компјутерот. Што нас не спречива да го правиме тоа што го сакаме, да бидеме каде сакаме да бидеме? Секој ден се будиме во иста соба и следиме ист пат, за да живееме исто како и претходниот ден. Некогаш секој ден бил нова авантура, а тогаш се се промени. Пред се изгледа дека времето не постои – денес изгледа го нема доволно за ништо. Значи ли дека овој начин на живот дека пораснавме, дека сме слободни? Дали навистина сме слободни? – ја започнува Спенсер приказната во својот краток филм.
Тој понатаму се надоврзува дека елемтнтите кои на сите ни беа потребни за преживување (храна, вода и земја- во сопственост на корпорацијата.
Нема храна за нас на дрвјата, нема свежа вода во потоците, нема земја да се изгради дом. Ако се обидете да го земете она што Земјата ни го дава, ќе отидете во затвор. Така да ние ги почитуваме нивните правила. Откриваме свет низ учебник. Со години седиме и го правиме тоа што ни е кажано. Не тестираат и оценуваат како во лабараторија. Одгледувани да не правиме разлика во светот, одгледувани да бидеме поразлични. Доволно паметни да ја работиме својата работа, но не и доволно да прашаме зошто. Така да работиме и работиме, немајќи време да го живееме животот за кој работиме. Се додека не дојде време кога стануваме стари да го работиме тоа. Тогаш сме оставени да умреме, Нашите деца го заземаат местото во играта – вели Спенсер.
Ова е свет на елита која се крие зад корпорации, а нивниот највреден избор не е на Земјата, тоа сме ние. Тие ни даваат пари, а ние за возврат им го даваме светот.
Погледнете го филмот до крај.