ЛАДНО ДОБРЕДОЈДЕ: Блинкен во Турција пречекан од заменик-градоначалник

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен утринава пристигна во Анкара, но се чини дека наишол на студен пречек од домаќинот бидејќи Турција не испратила висок функционер да го пречека на аеродромот, јавуваат агенциите.

Loading...

Блинкен пристигна во Турција за да оствари средби со министерот за надворешни работи Хакан Фидан во врска со војната во Газа.

Меѓутоа, според турските медиуми, додека авионот со Блинкен слетувал на аеродромот Есенбег, ниту еден висок турски функционер не отишол да се сретне со американскиот секретар.

Американскиот државен секретар беше пречекан од заменик-градоначалникот на Анкара и американскиот амбасадор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фон дер Лајен сака да се сретне со Трамп пред инаугурацијата

Ова е првпат Турција да го пречека американскиот секретар без висок функционер.