Лабудовиќ: Не ветувам чуда – ветувам знаење, посветеност и одговорност (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Заедно со мојот тим и со граѓаните ќе изградиме подобар, почист, поуреден, позелен и похуман Центар. Затоа што Центар е повеќе од општина – тој е енергија, приказна и начин на живот, место каде што се среќаваат уметноста, младоста, историјата и секојдневнието што го создаваат духот на Скопје“, порача на завршната прес конференција кандидатот за градоначалник на оваа општина од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ.

Тој најави дека еден од најубавите капитални проекти предвидени во неговата програма е изградба на Плоштад Феникс, како симбол на новата енергија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Жално е луѓе како Венко и Заев да се претставуваат како социјалдемократи

„Тоа ќе биде нов, модерен и зелен плоштад – место за култура, уметност, музика, семејства и пријатели. Место каде ќе градиме нови спомени, место кое ќе стане симбол на градот Скопје и гордост на центарци“, рече Лабудовиќ.

Плоштадот ќе биде дел од комплексот за нова општинска зграда, која ќе биде пример за самоодржливост, еколошки пристап и иновација. „Важно е да напоменеме дека под целиот овој простор предвидени се подземни паркинг места за жителите на општина Центар. Општинската зграда, подземниот паркинг и сите капитални инвестиции ќе го направат животот во Центар полесен и поуреден“, нагласи Лабудовиќ.

Тој најави борба против бетонизацијата што го задушува Центар и враќање на зелената боја, рамнотежата и убавината во општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пообилни врнежи од дожд

„Бетонизацијата и корупцијата мора да се запрат во корен. Ќе садиме дрвја, ќе создадеме мини-паркови, детски и спортски игралишта. Ќе го претвориме секој запуштен агол во простор што носи живот, а не бетон“, рече Лабудовиќ.

Лабудовиќ истакна дека еден од неговите приоритети се децата и најави подобрување на условите за образование, безбедносни рути до училиштата и поддршка на младите таленти.

„Во Центар, секое дете ќе има здрав, топол и вкусен оброк, подготвен од лиценцирани нутриционисти со свежи, домашни и внимателно избрани производи. Во секое училиште ќе има 24/7 физичко обезбедување затоа што безбедноста на децата не смее да зависи од буџетот на родителите“, посочи Лабудовиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФЕНИКС – Новото срце на центар, симбол на живот, заедништво и иднина

 

 

Ќе има значително зголемување на капацитетите за паркирање, со нова катна гаража во Буњаковец, но и воведување смарт-систем. Паркирањето ќе биде лесно и достапно, како што му доликува на Центар. Со проекти како Центар хаб и Здравствен хаб ќе се создададат  нови простори за дружење и грижа.

Лабудовиќ ги повика граѓаните да излезат на гласање в недела, испраќајќи пораката: „Јас не ветувам чуда, но ветувам знаење, посветеност и одговорност. Ветувам општина што ќе ги слуша граѓаните и заедно со нив ќе изгради поубав и подостоинствен Центар.“