Центар е срцето на Скопје, но за жал, денес изгледа како напуштен агол на градот. Преполни контејнери, расфрлан смет, прашина и непријатна миризба станаа секојдневие за жителите. Општината која некогаш беше симбол на урбана култура и маалски дух, сега е претворена во слика на запуштеност и хаос.
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, денеска јавно се обврза дека токму чистотата и хигиената ќе бидат неговиот прв приоритет.
Изјава на Мирослав Лабудовиќ:
„Оваа грда слика зад мене е секојдневие за центарци. Преполни и валкани контејнери, расфрлан смет, отпад и прашина насекаде. Непријатната миризба стана симбол на Центар. За жал!
Јас се обврзувам дека во првите 100 дена од мандатот ќе го исчистам Центар. Ќе ги измиеме сите улици и тротоари и ќе ја отстраниме непријатната миризба. Ќе ги исчистиме сите паркови, детски игралишта, зелени површини. Сакам центарци да се одморат и да се релаксираат во чиста средина.
Нема да ги заобиколиме ниту мини дивите депонии што се честа слика во нашата општина. Ќе ги исчистиме сите заборавени ќошиња и простори. Центар мора да биде чист!“
Конкретни мерки:
Лабудовиќ најави системски пристап за решавање на проблемот, преку:
- темелно чистење на целата општина во првите 100 дена,
- редовно миење на улиците и тротоарите,
- чистење и одржување на парковите и детските игралишта,
- елиминација на дивите депонии и заборавените ќошиња,
- зголемување на капацитетите за собирање и управување со отпад,
- воведување на современи методи за комунално работење и контрола.
„Центар мора да биде чист и достоинствен. Граѓаните заслужуваат општина во која ќе живеат во уредна, здрава и пријатна средина. Тоа е мојот завет и мојата прва обврска како иден градоначалник“, истакна Лабудовиќ.
Со оваа заложба, кандидатот за градоначалник ја испраќа јасната порака дека времето на запуштеност завршува, а Центар ќе добие нова слика – општина со ред, чистота и вистинска грижа за своите жители.
Интегрално соопштение