Лабудовиќ: Безбедноста на децата и условите за учење се обврска на секоја општина

Сподели со своите пријатели

„Нема поголема инвестиција од онаа во децата. Тие се нашата иднина, нашата сила и најголемата причина да градиме подобар Центар,“ порача кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ.

Лабудовиќ истакна дека неговата мисија е јасна – секоја училница, секој двор и секој агол во Центар да биде безбеден, топол и инспиративен простор за секое дете.

„Безбедноста на децата е нешто што не смее да се доведува во прашање. Затоа, училиштата и градинките ќе имаат 24/7 физичко обезбедување, безбедни пешачки патеки, јасна сигнализација и заштитни огради – за секое дете да пристигнува и да си заминува без страв и безгрижно,“ истакна Лабудовиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Максим Димитриевски: Куманово прераснува во регионален економски центар

Во неговиот план е предвидена темелна реконструкција на сите училишта и градинки – со нови фасади, енергетски ефикасни системи, топли училници и современи простори што ќе поттикнуваат љубов кон знаењето и развој на креативноста.

Таму каде што досега немало услови за спорт и игра, ќе се изградат нови спортски сали и детски игралишта, затоа што, како што рече Лабудовиќ, „здравото дете е среќно дете, а среќното дете е најубавата слика на еден град.“

Посебен дел од визијата е посветен на талентираните ученици – преку фонд за стипендии, натпревари и менторски програми, за секој талент да има можност да блесне и да расте овде, дома.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе добие младински центар, нови спортски и креативни зони, најави Тренчевска (ВИДЕО)

Општината ќе обезбеди и инклузивно образование, со адаптирани училници и специјализирани програми за децата со посебни потреби, како и континуирана поддршка за нивните семејства.

 

 

„Центар мора да стане општина што го негува знаењето, ја штити детската радост и ја гради иднината со љубов и визија. Секое дете заслужува место каде што ќе учи со срце – и ќе расте со верба во себе,“ порача Лабудовиќ.

Со овој пристап, Лабудовиќ испраќа силна порака: вистинската промена започнува со грижата за најмладите.

Тие се срцето на Центар, темелот на нашата иднина и највредната инвестиција што можеме да ја направиме.