Кога во своето функционирање имате складирање, трговија и дистрибуција на градежни материјали, како и изнајмување и продажба на недвижности, тогаш мора да ги насочите целите кон воочување на детали кои водат до апсолутен успех. Но, единствено со квалитет и сигурност на производите, е возможно да ги остварите истите. Токму тоа е случај во компанијата Квалитет Пром, која како семеен бизнис датира уште од 1990 година.
Широкиот асортиман на материјали е клучен за исполнување на барањата кои ги имаат клиентите, но, од голема важност е и процесот на сопствена обработка на арматурно железо со најсовремени машини. Успешноста во менаџирањето ќе им овозможи услови за отворање на нов склад во Куманово, каде ќе се складираат материјалите за трговија на големо, како што се: ребрасто и глатко бетонско железо, статик носачи, арматурни мрежи, жичани производи и профили, покривни елементи, проследени со производство на шипови од арматурно бетонско железо и обработка (сечење и виткање) на арматурно железо по скици. Исто така, светските стандарди и усовршувањето на технологијата налагаат инвестиции на логистички план при тековното работење. Компанијата во континуитет се ангажира за модернизација и олеснување на секојдневните работни обврски на своите вработени. Како македонска фирма, која секогаш тежнее кон развивање за да одговори на барањата на своите клиенти и е голем фактор во домашната економија, Квалитет Пром води грижа за: вработување на стручен и амбициозен кадар кој се зголемува во време на светската економска криза, безбедносни мерки, најсовремени материјали, заштита на животна средина, класифицирање на отпадни материјали и примена на меѓународните ISO норми. Услугите кои ги овозможува се една целина од: вршење на транспорт до објекти, обработка на арматурно железо и царински терминал за увоз-извоз со јавен царински склад каде на располагање стои професионален тим.
Сепак, бизнис историјата на Квалитет Пром има еден детал за кој слободно можеме да кажеме дека е најпретставителен. Тоа е основањето на градежната компанија Рапид Билд, во 2012 година, каде имаат удел од 50 отсто. Инвестицијата во високо квалитетна опрема, со условите за работа, ќе овозможат за релативно краток временски период да се создаде препознатливо име во градежниот сектор во Македонија. Пропорционално ќе дојдат вложувања во изградба на станбени објекти, со продажба на недвижности.
Вредно е да се спомене и остварувањето како мнозински акционер во брендот ФЗЦ „11 Октомври“ од Куманово. Фабриката за заварени цевки и профили во 2015 година добива ново раководство, кое со своето искуство и издржливост, успешно ќе излезе на крај со тешките предизвици и ќе успее да ја врати фирмата од долгогодишни загуби, во финансиска позитива. Одговорното управување и напорната работа, ќе придонесат и за зголемено производство.
Компанија со широк дијапазон на дејности, изградено име и репутација на сигурен и стабилен партнер во снабдување на градежни материјали, со акцент на арматурно бетонско железо и производи од црната металургија – тоа е денес Квалитет Пром. Кога некој ќе спомeне потреба од веродостоен квалитет на производи и беспрекорна услуга, нивното име е на самиот врв.