Кустосот нумизматичар од институцијата Народен Музеј Куманово, Александра Апостолова е добитник на две стипендии за студиски престој во Грција.
Првата стипендија и студиски престој се однесува на учество во работилници за организирање на модерни изложби и нивно промовирање во светот. Предавањата ќе ги одржат светски експерти во просториите на Бенаки Музејот во Атина, во април.
Втората стипендија се однесува на студиски престој организиран од Националната хеленска фондација за истражување, а ќе содржи стручни предавања од областа на грчката и римската нумизматика.
Воедно, би сакале да ве известиме дека НУ Музеј Куманово, во престојниот период ќе биде насочен токму кон вакви настани и проекти, со акцент на меѓународната комуникација и соработка, со што веруваме дека ќе внесеме нови тенденции во поглед на работењето на музејските институции во Македонија – велат од кумановскиот музеј.

