Австрискиот канцелар Себастијан Курц утре ќе отпатува за Берлин, каде што ќе се сретне и со неговата германска колешка во заминување Ангела Меркел, а главни теми на разговор ќе бидат борбата против пандемијата, борбата против климатските промени и меѓународната ситуација, пред се помош за Авганистан.
Во соопштението од кабинетот на канцеларот Курц се потсетува дека Германија е најважниот економски партнер на Австрија, и дека голем број туристи доаѓаат од таа земја, како и дека повеќе од 200.000 германски граѓани живеат во Австрија и од Австрија во Германија.
Инаку, во рамките на Денот на економијата на владејачката ЦДУ, на Курц ќе му биде врачено признанието на Економскиот совет на ЦДУ „Лудвиг Ерхард“.
Економскиот совет на ЦДУ е Асоцијација основана во 1963 година, чија задача е да ги претставува интересите на економијата кон политиката, администрацијата и јавноста.
Признанието што Курц го доби е на високи личности од политиката и економијата за нивните заслуги во зачувувањето и понатамошниот развој на социјалната пазарна економија.
Пред Курц, истото признание го доби и тогашниот австриски канцелар Волфганг Шизел.

