Лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП), поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, се повлекува од политиката.
Loading...
Курц, кој неодамна стана татко, најави дека во 11:30 часот ќе им се обрати на медиумите со лична порака, пишува ДерСтандард.
Од партиски кругови се слуша дека Курц решил целосно да се повлече од политиката. Него треба да го замени министерот за внатрешни работи Карл Нехамер како лидер на ОВП.
До неодамна се шпекулираше дека Курц би можел да се врати во самиот врв на политиката откако ќе заврши истрагата против него.