Купиле куќа за 130.000 евра и во неа пронашле злато вредно дури 650.000 евра

Сподели со своите пријатели

Кога градската администрација на францускиот град Морес, мало индустриско гратче во долината Јура, тргнала да ја обнови и опреми старата зграда, тие немале идеја какво изненадување ги чека.

Loading...

Имено, работниците пронашле три тегли џем со пет златни прачки и повеќе од илјада златници во една од собите, во задниот дел од прашливата полица.

Нивната вредност подоцна била проценета на околу 500.000 евра, пишува Гардијан.

Сепак, тука не бил крајот, бидејќи тогаш наишле на заклучен сеф, кој се криел зад кутија, во која пронашле златници вредни до 150.000 евра.

Градоначалникот Лоран Петит изјави дека четворица браќа и сестри без деца живееле во куќата каде што се пронајдени златниците во вредност од 650 000 евра.

Последниот од нив починал во 90-тите години од животот, по што нивниот братучед понудил да ја продаде куќата на градската управа за 130.000 евра. Раководството на Морез се согласило на тоа, имајќи предвид дека тие веќе започнале со реализација на планот за набавка и реновирање на старите згради, сè со цел привлекување на млади семејства во градот.

– Куќата беше полна со предмети и мебел. Неколку генерации живееја во неа и не фрлиле ништо. Тие чувале сè и живееле штедливо. Се согласивме да ја купиме зградата како што беше и постепено сами да ја испразниме нејзината содржина – рече Петит.

Бидејќи Морез, кој се наоѓа во близина на границата со Швајцарија, некогаш бил познат по производство на часовници и очила, властите на градската администрација сакале да проверат дали има некое историско значење меѓу овие предмети.

Loading...

– Три стаклени тегли полни со златни шипки стоеја зад многу други предмети на полицата. Кога ги видовме се зачудивме. Никој од нас никогаш не држел парче злато. Златнипрачки имам видено само на фотографиите. Беа тешки по килограм, рече Петит.

Тој исто така најави дека пронајдените пари ќе бидат потрошени за посебен јавен проект за кој градската администрација допрва треба да донесе одлука.

Leave a Reply