Еден човек го донел својот часовник „Ролекс“ во емисијата „Антиквитети“ за да ја открие неговата моментална вредност.
Тој го купил часовникот во 1974 година за само 345,97 долари, но кога му ја кажале неговата моментална вредност, односно дека часовникот сега вреди најмалку 400.000 долари, човекот само што не се онесвестил.
Меѓутоа, проценителот не завршил бидејќи поради недопрената состојба, се проценува дека часовникот вреди 500.000, па дури и 700.000 долари, пренесува CNN.
Станува збор за часовник Rolex Oyster, број 6263.
Сопственикот на часовникот рекол дека купил Rolex затоа што слушнал дека е добар за нуркање, но бидејќи далечната 1974 година за него ја дал месечната плата со 10 проценти попуст, тој заклучил дека часовникот е премногу убав за да биде во солена вода.
Наместо тоа, тој го чувал часовникот во сеф речиси 40 години. Часовникот не само што бил во совршена состојба, туку сопственикот ги имал и оригиналните гарантни документи, оригиналната брошура „Rolex“, два сертификати и две оригинални кутии во кои бил спакуван „Rolex“.
– Ова е феноменален изум. Тоа е еден од најретките модели и мислам дека нема таков на светот кој е во подобра состојба – изјави проценителот Питер Плејнс.
Продуцентите рекоа дека првпат имаат толку вреден предмет во шоуто.