Необичниот гест на таткото изненади многумина.
Имено, еден богаташ купил фудбалски клуб со цел да ја исполни желбата на неговиот син да биде фудбалер.
Кинескиот бизнисмен стана сопственик на второлигашот Зибо Куи, а во нападот игра неговиот син Хе Шихуа.
Не би било невообичаено ако таткото е сопственик, а синот е фудбалер на некој клуб. Сепак, изгледот на самиот Шихуа привлече внимание.
Имено, Шихуа тежи 126 килограми, му задава главоболки на тренерот и на целиот тим, а овој „офанзивен играч“ ги изведува сите прекини, од корнери до пенали.
Резултатот од ваквата тактика е очекуван. Зибо Кују е закован на дното од групата А од втората кинеска лига со едно реми и четири порази.
Инаку, 35-годишниот Хе Шихуа, кој ја задолжил „десетката“, исто така има свој профил на Трансфермаркт, а цената е повеќе од скромни 10.000 евра.