Кумновец ја натепал својата ќерка и ѝ се заканувал со остар предмет

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишник од Куманово бил приведен откако физички ја нападнал неговата ќерка, и ѝ се заканувал со остар предмет.

– На 15.03.2026 во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В.(45) од кумановско село затоа што физички ја нападнал неговата 18 годишна ќерка и ѝ се заканувал со остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Повторно голем скок на цените на горивата во Македонија