Кумановските угостители добија продолжено работно време

Сподели со своите пријатели

Угостителските објекти во Куманово ќе добијат тридневно продолжување на работното време од два часа за периодот од 8ми до 11ти ноември кога ќе се одбележува 500-годишнината од постоењето на градот.

Ваква одлука денеска едногласно донесоа сите членови на Советот на Општина Куманово, а како што појасни секретарот на општината Десанка Стошевска, тоа го дозвоува законот и е пракса која локалната самоуправа ја има во текот на сите изминати години по повод овој празник.

– Согласно законот за угостителска дејност, член 23, последниот став вели дека Советот на општината, односно градот Скопје за одредени туристички, културни и други манифестации можат да го продолжат работното време најмногу за два часа, но во времетраење до три дена. Со оглед на тоа дека во текот на ноември, 11ти ноември е нашиот празник Денот на градот, а претходните денови согласно програмата за културни манифестации, ќе имаме културни манфиестации на градскиот плоштад, има потреба, а законот дозолува три дена по два часа да се породолжи работновто време на угостителските објекти, ова и претходните години сме го правеле со одлуки на Советот, па мислам дека и сега Советот треба да донесе ваква одлука, појасни Стошевска.

Инаку, на градскиот плоштад почнувајќи од 8ми ноември ќе започнат вечерните концерти со кои ќе кулминира прославата за 500-годишниот јубилеј.

Неофицијално на 8ми ноември ќе настапат Кирил Џајковски и диото „Cyrillic“, следниот ден „Некст тајм“ и Џенан Лончаревиќ, а на 10ти ќе следува концертот на Лепа Брена. Пред нивните настапи ќе има и низа локални бендови, а целата прослава ќе биде платена од бизнис заедницата во градот.

Leave a Reply