Кумановските ученици трчаа со порака за мир во светот (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Учениците од основните училишта во Куманово денеска учествуваа во ревијалната „Трка на мирот“ и испратија порака до целиот свет.

Loading...

 

 

Настанот беше во организација на Фондацијата „Шри Чинмој“, а штафетата на мирот која се носи од 1987ма година минала низ повеќе континенти.

 

 

Loading...

По десет години денеска за прв пат е во Куманово.

– Трчаме со една основна цел да ја пренесеме пораката за мир, односно дека мирот започнува во нас. Моментално ја трчаме европската рута, што значи поминуваме низ сите земји од Европа, во траење од 6 месеци. Наскоро трката завршува во Унгарија, поминуваме низ Македонија, потоа низ Србија и завршуваме во Унгарија. Имаме десетина тркачи, од интернационален тим од Латавија, Шкотска, Велс, Англија, Нов Зеланд, Мексико, Украина и локални тркачи, изјави Тодорка Петровска национален координатор на Трката за мир.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Што не очекува за претстојниот продолжен викенд?

 

 

По завршување на трката факелот на мирот го пречека градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски кој исто така упати порака за мир во светот.

– Токму во овие моменти кога можеби мирот е најпотребен во целиот свет. Гледаме секојдневно и на телевизија, а и ние како народ го имаме почувствувано на своја кожа што значи да се нема мир, затоа токму од овде од наше мултиетничко, мултисолидарно Куманово да испратиме порака до сите на Балканот, Европа и светот, сите да дадеме свој допринос за мирот во целиот свет бидејќи Куманово е еден од градовите член на Асоцијација на градови носители на порака на мирот, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово објави конкурс за избор на сувенир на градот за 2024 година

 

Loading...

 

Основана од Шри Чинмој во 1987-мата година, „Шри Чинмој трката на мирот на единство-домот“ („Sri Chinmoy Oneness-Home Peace Run“) беше прва активност за спорт и развој, и е најдолгата и најголемата штафетна трка за мир во човештвото.

 

 

Секоја година вклучува милиони мажи, жени и деца од преку 80 нации во глобална факел-штафета.

 

Loading...

 

Помеѓу учесниците и патроните на оваа трка се вбројуваат: папата Јован Павле II, Мајка Тереза, претседателот Михаил Горбачов, претседателот Нелсон Мандела, Карл Луис, Мухамед Али и многу други лидери и славни личности.

 

 

Loading...

Историските штафети ги вклучуваат и првите современи иницијативи за поврзување на Израел со Египет и Израел со Сирија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ГФК Куманово нерешно против Башкими Љуботен

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски