Десетина ученици од Гимназијата „Гоце Делчев“ и средното техничко училиште „Наце Буѓони“ минаа нешто повеќе од две недели во Троген Швајцарија, каде заедно со ученици од цела Европа разменуваа различни искуства на важни општествени теми.
Во Троген бевме во детското село, сите таму имавме меѓународна размена со други ученици од Босна, на ниво на Македонија беа 40 деца. На размената посетувавме работилници, значи секој ден имаше по две работилници. На тие работилници се разликуваа разни теми, антидискриминација, миграција, идентитет и слично – вели Ивана Цветковиќ, наставник по англиски јазик.
Loading...
Дел од сработеното на работилниците во Швајцарија, денес беше презентирано и пред кумановските гимназијалци кои дебатираа и на темата за миграции.
Ќе ги наведеме на тоа да бидат свесни за тоа што не опкружува, една од најпознатите теми сега, тоа се миграциите и да видат како им е на мигрантите и со што се справуваат тие во своите патувања, а потоа ќе зборуваме за идентите за да може учениците подобро да се знаат себе за да знаат што чувствуваат другите и да се запознаат и сакаат самите себе – Ана Стојановска, ученик во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.
Со богати искуства за тамошната култура, образование и многу нови познанства се вратија учениците од Швајцарија, а утре преку работилница ќе своите искуства ќе им ги пренесат и на средношколците од „Наце Буѓони“ .