Општинската организација на СДСМ Куманово вчеравечер го организираше традиционалниот предновогодишен коктел за своите партиски симпатизери, на кој пред своите членови, раководството упати осврт на годината што изминува и честитки и желби за претстојната 2017та година.
Во своето обраќање, првиот човек на СДСМ во Куманово, Мартин Костовски рече дека 2016та е многу значајна година за партијата која оствари победа на изборите во Куманово.
2016та година беше година на многу предизвици, потешкотии, турбуленции, година која што сите ние како социјалдемократи знаевме да се исправивме пред секој проблем кој е пред нас, знаевме да одговориме на секоја поддршка од страна на граѓаните со цел да опстоиме на оние победнички патеки на што прилега СДСМ во последните 25 години. 2017та година е година која носи локални избори со себе и јас сум уверен дека вие, дека СДСМ ќе опстои по 25 години пвоторно да го води овој град. Да сте живи и здрави и среќни новогодишни и божиќни празници – рече Костовски.

Свое обраќање пред членството имаше и првиот човек на градот, Зоран Дамјановски кој во улога на член на СДСМ рече дека оваа година ја испраќаме со надеж дека следната ќе биде преродба за Рапублика Македонија.
Испраќаме една година на големи предизвици, големи искушенија за Република Македонија пред се. Во однос на тоа за кое ние неколку години наназад упорно се бориме на улиците, институциите, медиумите, враќање на слободата и демократијата. После две-три одложвуања дојдовме до целта, 11ти декември го имаме најдобриот резултат после 2002 година во изборниот и за тоа сте делумно, ако не и еден од главниот камен во мозаикот со 22.500 гласа – рече Дамјановски.

На прославата присуствуваше и генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, за кој 2016та година беше повеќе од успешна, со оглед дека раководеше со Министерството за внатрешни работи и во новата година ќе се најде во Собранието на Република Македонија.
2016та е година која треба да се памети по многу работи, по многу храброст, многу мудрост на нас социјалдемократите, на граѓаните кои се расположени слободарски и демократски, меѓутоа треба да памети и Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како година во која ги изгубија сите надежи каок година во која почнуваат да се разградуваат како партија и година во која го преживејаа поразот на 11декември заради тоа што опозицијата освои знатно повеќе гласови од владејачките партии. 2017та година треба да биде година на Македонија, година на нашите деца, година на иднината на оваа држава, ќе треба исто така многу мудрост, многу храброст, пожртвуваност, сплотеност, заедништво и во таа смисла сакам да ви посакам на сите вас добро здравје, лична и семејна среќа, многу напредок во кариерите на деловен план – рече Спасовски.


