Кумановските пожарникари вчера со три интервенции

Сподели со своите пријатели

Три интервенции бележат пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие, и сите три се на запалена сува трева.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, тројца пожарникари со едно противпожарно возило вчера гаснеле запалена сува трева на гробиштата во село Черкезе. Интервенцијата траела во период од 12:10 до 14:45 часот.

Сува трева горела и во атарот на селото Лопате, каде интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило во период од 14:50 до 15:55 часот.

Тројца пожарникари интервенирале и на Спомен Костурница, каде исто така горела сува трева. Интервенцијата траела од 16:20 до 17:55 часот.

Никола Ивановски