Кумановските пожарникари вчера со неколку интервенции на запалена сува трева
On:
Сподели со своите пријатели
Во текот на вчерашниот ден припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово бележат пет интервенции во своето работење, од кои поголемиот дел на запалена сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
На улицата „Доне Божинов“ бележат интервенција на запалена сува трева, во период од 12.50 до 13:17 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.
Во период од 15:05 до 16:00 часот инервенирале во селото Лопате, поточно месноста викано „Војни магацини“, каде исто така тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале на запалена сува трева.
Интевенција бележат и во атарот на селото Проевце исто така на запалена сува трева во чие гаснење учествувале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Причина за пожарите,матрејалната штета и површината на истите нема податоци.