Неколку интервенции изминатото деноноќие имале пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Сува трева горела во близина на кланицата „Црн Бик“, каде во период од 22:20 до 23:25 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Сува трева горела и на улицата „11 Октомври“, каде во период од 23:55 до 00:25 часот интервенирале четворица пожарникари.
Пожар вчера избувнал на потегот меѓу селата Карабичани и Сопот, а истиот бил пријавен до Секторот за внатрешни работи Куманово, кои ги известиле РЦУК околу 14:45 часот, па потоа биле алармирани и пожарникарите.
Екипа на ТППЕ Куманово од петмина пожарникари со едно возило, во тој момент веќе била излезена на терен и дејствувале до 18:50 часот. Пожарот бил изгаснат, а опожарени биле сува трева, стрниште и дел од жито. Не е позната колкава површина била опожарена.
Сува трева вчера горела и на улицата „Доне Божинов“ кон Спомен Костурница, каде во период од 18:30 до 19:36 часот интервенирале тројца пожарникари.
Никола Ивановски