Кумановските пожарникари вчера имале четири интервенции

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово вчера бележат четири интервенции.

Loading...

Три интервенции биле на запалена сува трева, додека четвртата била за помош на лице заглавено во лифт, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Прва интервенција била во атарот на селото Никуштак каде горела запалена сува трева. Таму било интервенирано со едно противпожарно возило и двајца пожарникари во период од 15:15 до 16:10 часот.

Втората интервенција била во период од 18:55 до 19:45 во атарот на селото Романовце. И таму горела запалена сува трева, при што интервенирале тројца пожарникари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се отстрануваат хаварисани возила во Куманово (ВИДЕО)

Сува трева горела и во селото Којнаре. Таму во период од 19:15 до 19:30 часот интервенирале тројца пожарникари.

Четвртата интервенција на кумановските пожарникари била од технички карактер. Во период од 19:38 до 20:00 часот помагале на лице заглавено во лифт во објект на улицата „11 Октомври“.

Никола Ивановски