Кумановските пожарникари со три интервенции изминатите 24 часа

Сподели со своите пријатели

Изминатото деноноќие кумановските пожарникари бележат три интервенции во доменот на своето работење, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата била во период од 13:15 до 14:25 часот на Спомен Костурница, каде тројца пожарникари со едно провпожарно возило гаснеле запалено стрниште.

Стрниште гаснелеи во атарот на Ново Село и тоа во период од 13:25 до 14:00 часот со тројца пожарникари и едно возило.

Гаснеле и запалено ѓубриште на улицата „Ѓорче Петров“ во населбата Перо Чичо. Тројца пожарникари од 16:10 часот со едно возило го изгаснале запалениот смет до 16:40 часот.

Дел од припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово, исто така се дел од мешаната група која се бори со огнените стихии во Македонски Брод.