Пожарникарите во Територијалната противпожарна единица Куманово вчера имале полни раце работа на празникот, поради интервенции на повеќе локации.
Во период од 13:09 до 14:00 часот четворица пожарникари интервенирале на запалена сува трева во атарот на Шупли камен.
Во селото Пчиња исто така горела сува трева. Таму во период од 14:00 до 15:30 часот интервенирале четворица пожарникари.
Сува трева горела и во селото Романовце. Екипа на ТППЕ Куманово на терен излегла вчера околу 15:30 часот и интервенцијата траела до 22:40 часот. Пожарникарите останале таму до раните утрински часови.
Интервенција пожарникарите имале и во атарот на селото Оризаре, каде во близина на гробиштата горела сува трева и стрниште. Тројца пожарникари го гаснеле пожарот до 23:00 часот.
Моментално во територијата на Куманово нема активни пожари.
Работа имале и пожарникарите од Старо Нагоричане. Таму во период од 17:00 часот до 21:00 часот петмина пожарникари со две противпожарни возила гаснеле сува трева и суви дрвја кај местото викано Коњски мост.
Никола Ивановски