Кумановските пожарникари со четири интервенции изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Четири интервенции бележат пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие.

Како то информираат од Регионалниот центар за управување со кризи првата интервенција вила на запалена сува трева во атарот на селото Табановце. Таму интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило во период од 13:15 до 15:30 часот.

Втората интервенција била техничка, односно на затворен стан лоциран на улицата „Климе Охридски“ каде во период од 17:45 до 18:20 часот интервенирале двајца пожарникари.

Во селото Долно Којнаре тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале на запалена сува трева во период од 17:45 до 18:05 часот.

Последната интервенција вчера била на запален оџак на објект лоциран на улицата „Тоде Мендол“. Таму интервениарле тројца пожарникари со едно противпожарно возило во период од 17:10 до 18:20 часот.

Никола Ивановски