Кумановските пожарникари бележат две интервенции во текот на вчерашниот ден, а на едната од нив со часови се мачеле со огнените јазици, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во 12:24 часот петмина пожарникари со две противпожарни возила излегле на интервенција во селото Биљановце, откако претходно добиле пријава за опожарена плевна со слама. Со часови кумановските пожаникари ги гаснеле огнените пламени, за да целиот пожар го ликвидираат дури во 18:20 часот. Причината поради која истиот избувнал се уште не е позната, а допрва ќе се утврдува и вистината на настанатата материјална штета.
Претходно припадниците на Територијалната против пожарна единица Куманово интервенирале на опожарен контејнер со смет лоциран на улицата „Гоце Делчев“ со едно возило и двајца пожарникари во еприод од10:30 до 10:45 часот.

