Кумановските пожарникари добија опрема за спасување при елементарни непогоди (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Специјализирана опрема за спасување при елементарни непогоди денеска доби Територијалната противпожарна единица Куманово, како донација од Дирекцијата за заштита и спасување.

Loading...

 

 

Како што изјави командирот на ТППЕ Куманово Дејан Илиевски, ваква опрема досега единицата немала, но изрази надеж дека нема да има потреба често да ја користи.

 

 

Loading...

– Конкретно станува збор за спасувачки сет пневматски при урушување, стабилизирање и подигање на товар. Има и сет за спасување со воздушни перници кои би се користеле за евентуално подигање на товар при елементарни непогоди, земјотреси и слично и при сообраќајни незгоди. Ваков тип на алат досега единицата немаше, се надевам дека нема многу да го користиме, но во секој случај добро е да ја имаме. Благодарност до дирекцијата и се надевам дека ќе имаме што помалку работа во поглед на спасување и употреба на овој алат, изјави Илиевски.

 

Ваква опрема како што изјави раководителот на подрачната единица на Дирекција за заштита и спасување Сокољ Аслани, ќе биде доставена до повеќе општини низ државата.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply