Кумановските пензионери бараат покачување на пензиите

Сподели со своите пријатели

Здружението на пензионери Куманово бара Владата да изнајде соодветно решение и што поскоро да ги зголеми пензиите посебно на пензионерите со ниски пензии, информираа денеска надлежните од Здружението.

Тие велат дека во услови на енергетска криза и поради сè повисоките цени на продуктите, зголемувањето на пензиите е круцијално за оваа категорија граѓани.

Претседателот на здружението, Благе Јакимовски информираше дека нивните членови бараат зголемување на пензиите, Владата да изнајде решение и да им помогне на пензионерите.

– Многу мал е бројот на пензионери со високи пензии. Дури половина од вкупно евидентираните пензионери во државата и кај нас во Куманово имаат пензија до 15.000 денари, а половина од нив до 10.000 денари, што ја наметнува потреба да им се обезбедат соодветни средства за достоинствен пензионерски живот-изјави Јакимовски.

Од кумановското здружение кое брои околу 15.000 членови со нетрпение ја очекуваат одлуката на Владата и надлежните за најавеното зголемување на пензиите и поддршка на пензионерите.

МИА