Во Државната лига во одбојка за сениорки, во сабота 26.11. се закажани натпревари од 4. коло од конкуренција за дами. Екипата на Сити Волеј Славков и Куманово, на домашен терен ја пречекува екипата на Одбојкарскиот клуб Бами Кор од Тетово.
По трите одиграни кола екипата на СВСК се на врвот на табелата со максимални 9 поени – 3 победи во 3 натпревари – додека Одбојкарскиот клуб Бами Кор со една победа е на петото место. Сите играчи се на располагање на тренерите Вујадиновиќ и Славков и со позитивна атмосфера очекуваат продолжување на нова победа на нашата екипа.
Натпреварот ќе се одигра во салата на СОУ Перо Наков со почеток во 16:00 часот.