Кумановските гимназијалци во посета на „Порака наша“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Учениците – волонтери од кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ со наставничката Ангела Петковска денеска беа во посета на Центарот за интелектуална попреченост – Порака наша.

Loading...

 

 

Гимназијалците претходно со останатите соученици собрале парична донација за штитениците на центарот, а денеска ги дружеа во ликовна работилница и вапцање велигденски јајца.

– Целта на посетата беше да се споделат убавите чувства и моменти пред големиот христијански празник Велигден, празник на љубов, верба, човечност, кој секогаш потсетува дека сите сме исти и сите имаме право на среќа, вели наставничката Петковска.

 

Loading...

 

Гимназијалците донираа парични сретства кои самите ги собрале во своето училиште, со кои корисниците на дневниот цетар ќе можат да ги исполнат нивните празнични желби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец затекнат при кражба, се повредил при обид да избега

– Посебно задоволство за сите беше времето поминато заедно во боење велигденски јајца и ликовна работилница во која сите учествуваат со голема радост. Членовите од ова Здружение покажаа што е искрена среќа, насмевка, прегратка, љубов, пријателство, вели Петковска.

 

 

На разделбата со учениците штитениците на „Порака нашатас“ изразија спонтана желба да бидат гости во Гимназијата.

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски