Кумановските гимназијалци утринава држеа настава во ледени простории

Сподели со своите пријатели

Учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“ утринава држеа настава на минусни температури без греење, откако се расипал главниот вентил за гас.

Loading...

Наставата била со часови од 15 минути, по што средношколците биле пуштени дома. Два часа минаа во студени простории, за што бројни реакции пристигнаа и од родителите.

Во телефонски разговор директорката Марија Тодоровска информираше дека екипата веднаш била повикана утринава во шест часот кога и бил забележан дефектот и дека истиот веќе е отстранет.

-Вентилот е заменет, екипата за сервисирање ќе остане уште во училиштето да го следи новиот, а во случај и тој да откаже, од гас ќе преминеме на нафта која веќе ни е обезбедена од Секторот за образование при Општина Куманово, рече Тодоровска во телефонскиот разговор.

Наставата во втората смена ќе се одржи нормално.

Leave a Reply