Гимнастичкиот клуб „Атлета“ од Куманово изминатиот викенд учествуваше на државен натпревар во спортска гимнастика кој се одржа во Скопје.
Во силна конкуренција од над 160 натпреварувачи од целата држава, кумановските гимнастичари освоија една златна, три сребрени медали и четири бронзени медали во поединечна конкуренција.
На првенството клубот учествуваше со 27 натпреварувачи, од кои 13 во машка и 14 во женска конкуренција.
„Во машка “А” програма во категорија помлади пионери Бојан Христовски освои второ место, Даме Јаневски освои трето место во иста конкуренција.
Во категорија постари пионери А програма Калин Илијевски освои второ место.
Во Б-програма помлади пионери Лазар Ѓоргиевски освои трето место,
– Во категорија постари пионери Јаков Стојановски освои прво место, Марко Величковски освои второ место и Михаел Додевски освои трето место во иста конкуренција, изјави тренерот Филип Миленковски.
Во женска „Б“ програма во категорија постари пионерки Сара Мишиќ освои трето место поединечно
„Екипно втори места освоија: Сара Мишиќ, Лена Трајковска, Ива Тодоровска Ања Ристевска и Лана Богдановиќ.
Во категорија до 7 години екипно второ место освоија : Анисија Станојковска, Софија Цеков, Кирјана Крстевска, Калина Стојмановска и Софија Николовска – изјави тренерот Никола Златановски
Гимнастиката во Куманово се враќа на местото на коешто припаѓа, а тоа го покажуваат успесите на учесниците на „Атлета“ и нивните тренери кои неуморно работат со нив.
„Се надеваме дека Општината ќе ни излезе во пресрет, бидејќи на Куманово му е потребна гимнастичка сала, затоа што има голем број на гимнастичари кои сакаат да се занимаваат со овој спорт. Куманово е гимнастички град со и се надеваме дека „Соколана” ќе биде целосно само за гимнастиката, и нашиот град ќе може да биде домаќин на државни првенства во спортска гимнастика“, истакна тренерот Миленковски.
Никола Ивановски