Кумановските бендови понеделнички ги забавуваат граѓаните (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Средношколците Јован, Христијан, Никола и Димитар од Куманово вчеравечер одржаа концерт пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Заедно во соработка со студиото за модерни танци „Мак денс“ беше организиран музичкиот хепенинг кој привлече големо внимание кај кумановци.

 

Loading...

 

Како што вели директорот на Центарот за култура, Сашо Тодоровски, планот е секој понеделник во текот на летото да им се пружи можност на граѓаните да уживаат во различни музички настапи.

– Ние распишавме и јавен повик до млади музичари и бендови кои се исклучиво од нашиот град, да се обратат кај нас и да им излеземе во пресрет заедно да организираме вакви музички дружења секој понеделник. Засега одржавме два концерти кои одлично поминаа кај кумановската јавност и се надеваме дека таквиот интерес ќе се задржи и во следниот период, изјави Тодоровски.

 

 

Минатиот понеделник пред платото на НЦУК „Трајко Прокопиев“ настап имаше и бендот KHARA.

Leave a Reply