Викендов во Скопје ќе се одржи Младинскиот куп во атлетика до 19 години, а свое учество на овој спортски настан ќе имаат и атлетичарите од Атлетскиот клуб Куманово.
Во купот учество ќе земат атлетичари од целата држава. Поразлично од останатите натпреварувања е тоа што на купот нема да има доделување поединечни медали, туку атлетичарите ќе добиваат поени со кои ќе се борат нивните клубови да пристигнат до пехар.
Јас ќе настапувам на 100 метри, 400 метри, четири пати по 100 метри штафета, тоа е првиот ден, а вториот ден 400 метри со пречки и четири пати по 400 метри штафета. Таму очекувам да бидам во сите дисциплини меѓу првите тројца и исто така очекувам на 400 метри пречки или барем во една од нив да псотавам државен рекорд и најбитното од се да победиме на тој младински куп – изјави Милан Вељковиќ.
Освен Милан Вељковиќ во купот ќе се натпреварува и Иван Тимчевски, кој минатиот викенд учествуваше на Пионерскиот куп до 15 години, каде за една секунда не успеа да го сруши државниот рекорд.
Се натпреварувам во дисциплините 800, 1500 и штафети. Од стартот на годината имав очекувања да ги подобрам моите лични рекорди, а можеби и некој државен рекорд, па така дојдовме до оваа недела кај што имам очекувања нели да подобрам некои рекорди стари со многу години – изјави Иван Тимчевски.
Врвни резултати, кумановските атлетичари забележаа и на Балканското првенство до 17 години.
Исто така вреден натпревар да се спомене беше Балканското првенство до 17 години во Србија, во Крагујевац, таму настапив само на 400 метри и не успеав да направам некој личен резултат, државен рекорд или пак да совојам некоај медала бидјеќи се повредив во трката и истрчав послаб резултат – изјави Милан Вељковиќ.
Инаку, членовите на Атлетскиот клуб Куманово претходно со 11 медали и неколку срушени државни рекорди се вратија од Арената „Филип Втори“ каде се одржа Државното првенство за младинци.