Кумановските атлетичари со нови медали од државните првенства

Сподели со своите пријатели

Атлетскиот клуб Куманово викендов во Скопје беше дел од две паралалени државни превенста во атлетика, едното за атлетичари до 13 години, а другото за млади до 17 години.

Кумановските атлетичари се вратија со освени неколку први места, медали и награди со што уште еднаш потврдија дека се најдобри во државата.

Јас настапив на тој за атлетичари до 17 години, настапив во вкуно 3 дисциплини, на 100 метри, 300 метри и 4 пати по 100 метри штафета. На 100 метри и 300 метри го совоив првото место. На триста метри псотигнав и свој личен резултат, а на четири пати по 100 метри штафета го освоив второто место и ова беше последното државно првенство за оваа година, остана уште митингот што ќе се одржи тука во Куманово наредниот викенд и со тоа завршува оваа сезона – изјави Милан Вељковиќ.

Освен Вељковиќ на првенството во категоријата млади до 17 години со врвни резултати се врати и Даниел Кузмановски.

Се натпреварував во фрлање диск и фрлање ѓуле. Во фрлање диск земав прво место, а за ѓуле второ место. Во ѓуле беше малку потешко, а за диск немаше толку конкуренција па не беше толку – изјави Даниел Кузмановски.

Во категоријата до 13 години учество зедоа Александар Вељковиќ и Мила Денковиќ кои се натпреваруваа во неколку дисциплини и постигнаа одлични резултати.

Во последното државно првенство учествував во дисциплината 60 метри и скок во височина. На 60 метри не бев толку задоволен бидејќи имав свиен грб и не постигнав јак резултат, а во другата дисциплина освоив прво место и имаше двајца во конкуренција – изјави Александар Вељковиќ.

Јас учествував на натпреварот до 13 години и се натпреварував во фрлање ѓуле и скок во височина. Фрлање ѓуле бевме три едвојчиња во конкуренција и постигнав добар резултат, си го подобрив личниот и освоив прво место – изјави Мила Денковиќ.

Инаку ова е последно државно првенство во атлетика за оваа сезона, со кое кумановските атлетичари си го обезбедија првото место на листата најдобри Атлетски клубови во Македонија.