Претставата „Жена од минатото“ вечерва ќе го отвори Фестивалот за камерни претстави „Денови на Јурислав Корениќ“ во Сараево, Босна и Херцеговина.
Станува збор за фестивал од натпреварувачки карактер, а како што вели директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски, кој изрази надеж и за некоја награда од фестивалот.
– Театар Куманово гостува во Сараево на мала камерна сцена на фестивалот „Денови на Јурислав Корениќ“, реномиран камерен фестивал. Гостуваме со претставата „Жена од минатото“, од натпреварувачки карактер е фестивалот, очекуваме дека ќе поминеме убаво и се надеваме на некоја награда, изјави Тодоровски.
„Жена од минатото“ ќе се игра според текстот на Роланд Шимелфениг, а под режисерската палка на Нела Витошевиќ.
На сцената во Сараево претставата ќе ја играат: Александра Пешевска, Игор Ангелов, Јасмина Василева, Марко Трајковиќ и Нина Максимова.