Кумановскиот театар со „Трнорушка“ на фестивал во Бугарија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот театар со детската претстава „Трнорушка“, денеска учествува на 24-тиот Меѓународен фестивал „Волшебната завеса“, кој се одржува во Трговиште, Бугарија.

Loading...

– Се надевам дека одлично ќе се презентираме пред тамошната публика, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

„Трнорушка“ стана омилена претстава меѓу најмладите од Куманово. Актерите, освен во матичниот град ја изведуваат и надвор од државата.

Во претставата играат Владанка Крстевски, Сања Русеска, Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Нина Максимова, Давид Илиќ и Владо Дојчиновски. Режијата е на Бојана Краљевска, сценографијата на Крсто Богојевски, текстот го адаптираше Зоран Зафировски, костимите се дело на Дарко Илиевски, а музичка поддршка обезбеди Александар Митрички.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој крадел од црква

– Како една од најстарите уметнички форми, бајката e потреба низ сон, мечтаење, имагинација да се наткрили животот. Таа со својот јасен и цврст етички кодекс (борба за добро, правда, еднаквост, љубов) ни открива и подвлекува некои суштински животни вредности. Бајката на сцена не толкува, објаснува, ниту докажува, туку повеќе потшепнува и предизвикува, запрашува и провоцира и, оддалечувајќи нè од животот, ни зборува за животот. Таква е и нашата „Трнорушка“ – пишува драматург, Зоран Зафировски.

Фестивалот се одржува од 12 до 17 мај.