Театар Куманов вечерва со бесплатната претстава „Бегај еве ја жена ти“ ќе го одбележи Светскиот ден на театрот, датум кој традиционално се одбележува од 1962 година.
Меѓународната порака годинава ќе ја испрати француската актерка Изабел Ипер, додека македонската порака костимографот и режисер Благоја Мицевски од Битола.
Театарот Куманово го држи темпото со останатите театари во Макеоднија, можеме да зборуваме за една навистина богата продукција, веднаш се наоѓа до скопскиот, битолскиот, најголемите театари во Македонија тоа го докажуваме и со следнава премиера која ја очекуваме на 6-ти април на Хај фај од Горан Стефановски, после подолго време македонска драматурхија во режија на Јани Бојаџи – изјави Сашо Костовски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

