Кумановскиот театар и Центарот за култура распишаа конкурс за есеј

Сподели со своите пријатели

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и Театар Кумново распишаа конкурс за есеј на тема „Како го замислуваш светот без театар?“, а заедно со штипскиот театар, како и театрите „Џинот“ од Велес и „Антон Панов“ од Струмица ќе расменуваат претстави, со цел одбележување на месецот април, како месец на театарската уметност.

На конкурсот за есеј можат да се пријават сите граѓаните од наведените градови без разлика на возраста, а истиот ќе трае од 4-ти април до 4-ти мај. Најдобрите три награди за најдобрите, како и две откупнини.

Наградите ќе бидат објавени во прелотното издание на списанието за уметност „Сум“, а воедно наградените ќе добијат и едногодишна преплата за сите претстави што ќе се играат во наведените театри.

Творбите треба да бидат испратени во три примероци на адреса на националните установи – театрите од каде што потекнуваат, т.е. каде живеат и работат учесниците од конкурсот.

Адресата на кумановскиот театар е Плоштад “Маршал Тито“ бр.3, 1300 Куманово, а за повеќе информации можете да ги контактирате на бројот 031/415-099.